Светот денеска не би можел да функционира без сообраќајот, којшто постојано се развива а со тоа и бројот на возила се зголемува. Моторните возила работат на погон и користат горива произведени од нафта и ослободуваат издувни гасови. Тие гасови ја менуваат климата, го топат снегот и мразот на половите на Земјата, со што доаѓа до зголемување на нивото на водата на морињата и океаните, а тоа влијае на растителниот и животинскиот свет. За среќа, во последно време се зголемува свеста кај луѓето за негативното влијание на сообраќајот врз животната средина.

Сообраќајот е најголем извор на загадување на животната средина, а околу 60 отсто (%) од сите супстанци на загадување во воздухот потекнуваат од издувните гасови. Сообраќајот често лошо влијае на метеоролошките процеси, предизвикува бучава и го нарушува квалитетот на Земјата. Исто така проблем е и негрижата и оставањето да скапуваат стари автомобили како и стари делови за автомобили коишто не се биоразградливи (гуми, метални делови и др.).

Можни решенија
Развојот на технологијата помага во решавањето на овие проблеми бидејќи се менува бројот на сообраќајните средства, а производството на сообраќајните средства се прилагодува и подобрува, се појавуваат еколошки возила кои користат други извори на енергија како што се електрична енергија, природен гас и друго. Животната средина може да се зачува и преку развивање на квалитетен јавен и железнички сообраќај, но и со покренување на свеста на луѓето кои учествуваат во сообраќајот, со мотивација да користат превозни средства кои не ја загадуваат околината или ја загадуваат помалку.
